Account Manager
Quick Summary
Кои сме ние? КИНГ ИЦТ е една од водечките компании за системска интеграција во регионот, како членка на М САН Група,


КИНГ ИЦТ е една од водечките компании за системска интеграција во регионот, како членка на М САН Група, е регионален системски интегратор и лидер во креирањето и имплементацијата на Enterprise решенија. Преку иновативни ИКТ решенија, сакаме да изградиме поврзана и дигитална иднина за нас и идните генерации. Нашите главни мотиви се знаење, стручност, креативност, мотивација за подобрување на бизнисот и создавање дополнителна вредност. Работиме агилно, споделуваме знаење, го цениме трудот и секогаш можеме да се потпреме еден на друг. Внимаваме на културата на компанијата и избираме колеги со кои ни е удобно да работиме и да се дружиме.
Седиштето на компанијата е во Загреб, а присутни сме во: Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Белгија.
Бараме Account Manager кој ќе биде одговорен за градење и одржување на долгорочни односи со клиентите, препознавање нови продажни можности и развој на соработката со постоечките и потенцијалните клиенти.
- Вршење продажни активности кај постоечките и потенцијалните клиенти;
- Проактивно пристапување кон клиентите со цел препознавање и развивање нови продажни можности;
- Континуирано информирање на клиентите за новостите во портфолиото на компанијата во соработка со водителите на програми;
- Собирање, анализа и разбирање на потребите и барањата на клиентите, како и учество во креирање понуди и решенија согласно нивните потреби;
- Истражување на пазарот и воспоставување контакти со нови потенцијални клиенти;
- Градење и одржување позитивни и долгорочни односи со клиентите;
- Спроведување постпродажни активности, следење на задоволството на клиентите и идентификување дополнителни деловни можности;
- Следење на реализацијата на нарачките и навремено исполнување на договорените обврски;
- Учество во процесите поврзани со тендери и јавни набавки за клиентите од својот портфолио;
- Континуирано следење на пазарните трендови, односот понуда-побарувачка и активностите на конкуренцијата;
- Следење на процесите на наплата и навремено подмирување на обврските од страна на клиентите;
- Подготовка на редовни извештаи за продажните активности и резултати;
- Континуирано стручно усовршување и следење на новитетите во ИКТ индустријата.
- Имате завршено ВСС од техничка или економска насока;
- Поседувате минимум 3-5 години работно искуство на иста или слична позиција во ИКТ индустрија (систем интегратор, ИТ дистрибутер, ИТ производител или телекомуникациски оператор);
- Поседувате возачка дозвола Б категорија;
- Активно го користите англискиот јазик;
- Одлично ги познавате алатките од MS Office пакетот;
- Поседувате развиени комуникациски, презентациски и преговарачки вештини;
- Имате аналитички пристап и способност за решавање проблеми;
- Поседувате високо ниво на одговорност, професионалност и ориентираност кон резултати;
- Имате изразен фокус кон клиентите и градење долгорочни деловни односи;
- Брзо усвојувате нови знаења и технологии;
- Поседувате комуникативност, темелност и способност за самостојна организација на работата.
- Колегијалност, одлична работна атмосфера и тимски дух;
- Конкурентен финансиски надоместок;
- Приватно здравствено осигурување;
- Поволности за спорт и спортски активности - кофинансирање на Спорт мастер картичка;
- Поволности за купување на производи кои ги дистрибуира фирмата;
- Професионален и личен развој;
- Можност за сертификација, напредок и надградба на личните компетенции, едукација и посета на конференции;
- Работа на домашни, регионални и интернационални проекти;
- Тим билдинг и редовна тимска дружба со интерактивни работилници;
- Работа во интернационална групација, динамична средина, работа исполнета со нови предизвици и со работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне.
Напомена: Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте вашите податоци да се чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција.
Location & Eligibility
Listing Details
- Posted
- June 22, 2026
- First seen
- June 22, 2026
- Last seen
- June 22, 2026
Posting Health
- Days active
- 0
- Repost count
- 0
- Trust Level
- 51%
- Scored at
- June 22, 2026
Signal breakdown
Please let king-ict know you found this job on Jobera.
3 other jobs at king-ict
View all →Explore open roles at king-ict.
Similar Account Manager jobs
View all →Browse Similar Jobs
Stay ahead of the market
Get the latest job openings, salary trends, and hiring insights delivered to your inbox every week.
No spam. Unsubscribe at any time.